Sunday, February 27, 2011

Поголеми градови во Македонија


Поголеми градови

град↓општина↓население↓грб↓знаме↓слика↓
БитолаБитола74.550Bitola-coat-of-arms.svgFlag of Bitola.PNGBitola 2007.JPG
КумановоКуманово70.842MMCA Kumanovo.pngMk-kuma.gifSpomenik na Revolucijata.JPG
ПрилепПрилеп66.246MMCA(Prilep).pngMk-pril.gifAlexanderStatuePrilep.jpg
СкопјеСкопје467.257Skopje grb.gifFlag of Skopje.pngSkopje-viewfromKale.JPG
ТетовоТетово52.915MMCA(Tetovo).pngBandera de Tetovo.svgThe small park in the city square in Tetovo, Macedonia.JPG

Античка Македонија


Археолошките наоди покажуваат дека на просторот на Македонија постоела цивилизација уште од периодот меѓу 9000 п.н.е. и 3500 п.н.е.[10] Првпат Македонското Кралство се појавува во периодот на IX век п.н.е., а постои дилема за тоа кој бил првиот македонски крал - Каран (кој се смета за митски предок на Аргеадите) или Пердика I (прв историски крал на Кралството Македонија).
Приближно од V век п.н.е. Кралството Македонија станува значаен политичко-економски чинител во поширокиот регион, а негова главна надворешно-политичка дејност била сосредоточена кон односите соГрчките градови-држави, при што често било сојузник со други држави (како на пр. Персија) противГрците, или пак заземало страна во некои од меѓусебните спорови на градовите, настојувајќи на тој начин да го уништи нивното единство и да ги ослаби. Филип II Македонски (359 п.н.е. - 336 п.н.е.), по покорувањето на Илирите и Тракијците, успеал да ја освои цела Грција. Неговиот син, Александар III Македонски (356 п.н.е. - 323 п.н.е.) е една од најзначајните личности во светската историја. Тој најпрвин го скршил внатрешниот отпор во проширеното Македонско Кралство, а подоцна во походот противПерсија, ја уништил огромната Персиска Империја и ја проширил македонската држава на три континенти - ЕвропаАзија и Африка, протегајќи се на Балканскиот Полуостров и Мала АзијаБлискиот ИстокЕгипет и Индија, и со тоа била создадена Македонската Империја.[11][12][13][14][15][16][17][18] По неговата смрт, оваа огромна империја, како резултат на несогласувањата на неговите генерали (дијадоси) околу тоа кој ќе биде негов наследник се распаднала на 3 дела и тоа: Кралство на Селевкидите, Кралство на Птолемаидите и Кралство на Антигонидите.[19][20] Освојувањата на Александар III Македонски имаат суштествено значење за започнувањето на Хеленистичкиот период во светската историја.
Продорот на Римска Република на исток доведува до таканаречените Македонско-римски војни (215 п.н.е. - 168 п.н.е.) во кои Македонското Кралство управувано од Династијата на Антигонидите целосно потпаѓа под римска власт, а последниот македонски крал Персеј e одведен како роб во Рим. Таа станува римска провинција како дел од Римското Империја и е поделена на 2 дела - Македонија Прима и Македонија Салутарис.[21] Територијата на денешна Република Македонија била поделена меѓу провинциите Македонија Салутарис и Моезија прима.[22] По поделбата на Римската Империја во395 г. од н.е. на Источно и Западно Римско царство, Македонија станува дел од Источното Римско царство или Византија.

                     
Податотека:Ancientbitola.jpg




Македонија

        Република Македонија е држава сместена на Балканскиот полуостров. Земјата е една од следбеничките држави на поранешната Југославија, од која прогласи независност во 1991 година. Република Македонија зафаќа околу 38% од вкупната површина на регионот Македонија. Географски земјата граничи со Србија (и Косово) на север, Бугарија на исток, Грција на југ и Албанија на запад. Релјефот на државата е главно планински. Иако континетална држава, таа има повеќе од 50 езера и шеснаесет планини повисоки од 2,000 метри.
            
                             



Македонија е суверена[3], самостојна[4][5], демократска[6][7] и социјална држава[8][9]. Главен град на државата е Скопје со население од 506,926 граѓани (проценка за 2004 год.). Други поголеми градови се: БитолаКумановоПрилепТетовоОхридВелесШтипКочаниГостивар иСтрумица. Македонија има вкупно 25.713 километри квадратни во кои живеат околу 2.114.550 жители (проценка за 2009 год.), од кои мнозинството се Македонци. Официјален јазик е македонскиот јазик, додека официјална валута е македонскиот денар.
Во 1993 година, Македонија стана членка на Обединетите Нации, но поради спорот со името кој го води со Република Грција, примена е под името Поранешна Југословенска Република Македонија. Македонија е членка и на советот на Европа. Од декември 2005 година исто така е и кандидат за приклучување кон Европската Унија и има аплицирано за приклучување кон НАТО.