Sunday, February 27, 2011

Македонија

        Република Македонија е држава сместена на Балканскиот полуостров. Земјата е една од следбеничките држави на поранешната Југославија, од која прогласи независност во 1991 година. Република Македонија зафаќа околу 38% од вкупната површина на регионот Македонија. Географски земјата граничи со Србија (и Косово) на север, Бугарија на исток, Грција на југ и Албанија на запад. Релјефот на државата е главно планински. Иако континетална држава, таа има повеќе од 50 езера и шеснаесет планини повисоки од 2,000 метри.
            
                             



Македонија е суверена[3], самостојна[4][5], демократска[6][7] и социјална држава[8][9]. Главен град на државата е Скопје со население од 506,926 граѓани (проценка за 2004 год.). Други поголеми градови се: БитолаКумановоПрилепТетовоОхридВелесШтипКочаниГостивар иСтрумица. Македонија има вкупно 25.713 километри квадратни во кои живеат околу 2.114.550 жители (проценка за 2009 год.), од кои мнозинството се Македонци. Официјален јазик е македонскиот јазик, додека официјална валута е македонскиот денар.
Во 1993 година, Македонија стана членка на Обединетите Нации, но поради спорот со името кој го води со Република Грција, примена е под името Поранешна Југословенска Република Македонија. Македонија е членка и на советот на Европа. Од декември 2005 година исто така е и кандидат за приклучување кон Европската Унија и има аплицирано за приклучување кон НАТО.

1 comment: